• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Почнат е увидот за утврдување на причините на пожарот во Тетово

02/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денеска од 10 часот е започнат увидот во поранешниот тутунски комбинат „Македонија Табак“ каде во понеделникот избувна голем пожар што предизвика голема материјална штета. Во пожарот повредени и задушени беа околу петнаесетина пожарникари кои десетина часа се бореа за локализирање и ставање под контрола на огнената стихија.

-Дадени се наредби на експерти од повеќе области при Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења во МВР да почнат со утврдувањето од каде и како започнал пожарот. Присутни се експерти за хемиски анализи, од противпожарна област и слично, како и претставници на електродистрибутивната компанија и МВР, брифираа денес од Обвинителството.

Околу пожарот,утре состанок треба да одржи и општинскиот кризен штаб, информираше градоначалникот.

-Според информациите што ги имам од кризниот штаб после згаснување на пожарот 24 часа требало противпожарната единица и полицијата да го обезбедат местото и во тоа време да излезе обвинителството за утврдување на причините. Немам информации дали е направен увидот и кои се првичните информации, утре имаме следна седница на локалниот кризен штаб каде ќе се информираме за сите овие работи, информираше Биљал Касами.

Општинскиот кризен штаб по првата седница побара проверка на мерењето на квалитетот на воздухот од Владата како и други мерки за справување со последиците од пожарот.

ас

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Абдулменаф Беџети доби втор мандат за ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.