Градоначалничката на Тетово Теута Арифи и министерот Насер Нуредини означија почеток на градежни работи за изградба на водоводна мрежа за населбата Сончев брег-Теќе 146 во градот. Изградбата на водоводната мрежа до домаќинствата е трета фаза од целиот проект во кој претходно се работеше на два дела за спроведување на водата до тој дел од градот.
-Ова е проект кој е од голема важност за оваа населба, има три фази, првата е градење на акумулација која е завршена, после фаза за градење на цевководот од пречистителна станица Лисец до тука и третиот дел што го реализираме со Министерството за екологија, за целата водоводна мрежа за целиот овој дел. Тоа што нас ни е многу важно фактот дека цела оваа населба ќе добие вода за пиење според сите стандарди, изјави градоначалнилката Теута Арифи.
Целиот проект има сума од 30 милиони денари, од кои 13 милиони денари се за третата последна фаза добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање, додека 17 милиони се од буџетот на Општина Тетово.
-Вода за пиење е една од приоритетите на Влада и на ДУИ. Кога збориме ние за зелена агенда ова е тоа за што збориме, вода за пиење е приоритет за сите граѓани на нашата држава. Проектот е околу 13 милиони денари водоводна мрежа за 5000 метри, изјави министерот Насер Нуредини.
Оваа населба немаше водоводна мрежа досега затоа што објектите во изминатите децении се градени без дозвола за градба. Градоначалничката Теута Арифи вели дека сега голем дел од куќите се легализирани согласно законските можности за легализација на бесправно градени објекти
-По позитивните закони за легализација на бесправно градени објекти на најголемиот дел од објектите им е завршен процесот на легализација согласно законите и тие се се влезени во редот на плаќачи на услуги на градот. Целиот процес за нас бил многу важен имајќи во предвид фактот дека со легализација на објектите сме биле во можност после тоа да одиме со реализација на овој проект и проектот за електрична енергија што го реализиравме претходно, изјави Теута Арифи.
Населбата Сончев брег- Теќе/146 се наоѓа во шумски предел над комплексот Арабати Баба Теќе кон Попова Шапка.
ас