Започна да се реконструира дел од регионалниот пат Тетово-Јажинце односно делницата што е во рамки на тетовската општински граници од градот до крајот на селото Џепчиште. Обновата на патната делница предвидува рехабилитација и санација на четири километри и 200 метри.
-Тука сме да ја промовираме рехабилитацијата на патот Тетово -Јажинце прва делница од 4,2 километри каде изведувач е градежната фирма Гранит. Инвестицијата е 37 милиони денари и очекуваме за шест месеци целосна рехабилитација бидејќи е најфреквентен регионален пат при што се се евидентирани седум илјади возила за 24 часа кои поминуваат. Јавното претријатие за државни патишта одвои средства за целосна реконструкција за да биде сигурен и удобен овој пат за сите учесници во сообраќајот, изјави Ејуп Рустеми директор на Јавното претријатие за државни патишта.
Тетовската градоначалничка Теута Арифи изјави дека реконструкцијата на регионалниот пат Тетово-Џепчиште е многу значајна инфраструктурна инвестиција.
-Имајќи го во предвид фактот дека карактерот на овој пат е регионален но поради тоа што се наоѓа токму во делот на градот Тетово општината Тетово претставува една голема можност луѓето, граѓаните полесно да се движат во овој регион, изјави Теута Арифи.
Регионалниот пат Тетово-Јажинце или Р1203 има вкупна должина од 27 километри и 718 метри.
ас