• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почна со работа новиот производствен погон на Леар-можност за 1.500 нови вработувања

09/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја врачи употребната доозвола за новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово.Тој воедно информираше дека инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра за производниот погон  изграден на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови од 1.000 до 1.500 работни места.

-Се реализира уште една значајна инвестиција во Северна Македонија. Девет месеци откако бевме тука на поставувањето на камен темелникот за заедничката инвестиција на вториот циклус на Нормак инвестмент груп и американската компанија Леар, денеска имам чест на менаџментот на компанијата да ја предадам употребната дозвола за новиот производствен погон. Ваквите големи инвестиции се поддржани од државата и инвеститорите имаат поволности и низа олеснувања во повеќе фази на процесот на инвестирањето, изјави министерот Бектеши.

Според него ваквите инвестиции даваат голем придонес за локалниот економски развој пред се во делот на вработувања , развој на човечкиот капитал, а влијаат позотивно на извозот од овој регион пред се бидејќи се креираат производи со поголема додадена вредност.

-Доказ за тоа се и позитивните резултати од работењето, посебно во време на криза предизвикана од пандемијата, Леар успеа да го зголеми извозот за 10% во 2021 година, по растот на извозот од 15% во 2020 година, рече Крешник Бектеши.

Александар Зарков, генерален директор на Нормак Инвестмент Гроуп рече дека значајне е поддршката на Министерството за економија на Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и на Нормак инвестмент груп.

-Како резултат на успешната приказна која ја градиме со Леар, и останатите инвеститори во ТИРЗ Тетово минатата година споредено со 2020 година бележиме раст на извозот од 16%, а споредено со 2019 година растот на извозот од оваа зона е 25%, истакна Зарков.

Генералниот директор на Леар, Вања Стојановски истакна дека оваа инвестиција ќе значи раст на компанијата и зголемен извоз на странските пазари.

Американската компанија „Леар Корпорејшн“ изработува навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи.Вкупната инвестиција на компанијата во ТИРЗ Тетово изнесува 35 милиони евра. Во првиот производствен погон кој се простира на површина од 12.000 м2 и кој почна со работа во 2016 година се инвестирани 20 милиони евра и 2.000 вработувања.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

ТИРЗ Тетово ќе создава елекктрична енергија преку фотонапонска централа

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.