Демократска Партија на Албанците испрати известување дека утре ќе го промовира кандидатот за градоначалник на Тетово.
-Ве известуваме дека утре (сабота, 10 април), Демократска Партија на Албанците ќе го промовира кандидатот за градоначалник на Тетово. Локација: Плоштад Илирија, Тетово, информираа од ДПА.
Претходникот на Теута Арифи, Сади Беџети, беше кандидат токму од партијата ДПА. Теута Арифи е градоначалничка на Тетово во два мандати почнувајќи од 2013 година.