• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

По втор пат ќе се одржи „Лешочки камерен музички фестивал“

06/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од вечерва во Лешочкиот манастирски комплекс започува тридневниот „Лешочки камерен музички фестивал“. Свеченото отворање на вториот по ред фестивал е од 19 часот, а концертите ќе се одржуваат во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“.

Тридневната програма на фестивалот вечерва ја отвораат музичарките Богдана Бушевска на флејта и Горјана Стојановска на пијано. Утре на 7 мај ќе се одржи вечер на младите музички уметници Ангела Николовска на пијано и Александра Кировска на гитара. Фестивалот ќе заврши во недела 8 мај со концерт на Илза Бафтиари – виола и Шкељзен Бафтиари – пијано.

-Целта на овој фестивал е приближување на различни култури преку универзалниот јазик музиката како и промовирање на младите музички уметници од Полошкиот регион со едно гостување од странство. Воедно овој фестивал претставува и промоција на овој регион каде настаните од ваков вид се во многу мал број. Идејата за фестивалот на вакво необично и егзотично место тлееше во нас подолг период и среќни што лани успеавме за прв пат да го реализираме. Ова е тренд да има фестивали од особено културно значење и поврзување на заедници на необични локации долго време постои во европските земји, изјави Маја Шутевска Кировска, директорка на фестивалот.

Мото на фестивалот е „Зближување преку уметноста“, посебно на двете најголеми етнички заедници во овој регион.

ас

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Излезе од печат романот „Старецот и короната“ од Јован Дамјановски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.