Од Општина Тетово по вчерашниот настан во кој тешко е повредено пет годишно дете од Мала Речица поради напад од бездомни кучиња најавија дека ќе се обезбедат дополнителни средства за третман на животните скитници, како и дека преку регионален пристап ќе се надминуваа оваа проблематика. Информираат дека се изработува проект со помош на Програма за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Шведската агенција за меѓународна соработка.
-УНДП во моментов бара искусна компанија за проектирање за поддршка на проектот Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти во изработката на документација за урбанистички проект (вклучително и идејно техничко решение) и основен проект (за сите технички фази) за изградба на регионален центар за бездомни кучиња со прифатилиште. Од избраната компанија се очекува да изработи техничка документација потребна за одобрение за градење и да соработува со тимот на УНДП за имплементација на проектот, во тесна соработка со лицето за контакт за проектот од Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион. Овој проблем е проблем на државно ниво за решавање на истиот потребна е државна стратегија за целосно искоренување на оваја појава која за жал денес резултираше со напад на 5 годишно дете од Речица, се вели во соопштението од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.
Од Министерството за здравство информираат дека поради сериозноста на повредите детето е хоспитализирано на Универзитеската клиника за детска хирургија во Скопје, каде ја прима соодветната терапија и истото е стабилно.
ас