• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Инфо компас

По повод 30. годишнина на независноста промовирана книгата „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990-1993)“ од Мишо Докмановиќ, редовен професор на Правниот факултет во Скопје

08/09/2021
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По повод 30. годишнина на независноста вчера во Скопје беше промовирана книгата „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990-1993)“ од Мишо Докмановиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, информираат од Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје во чие издание е објавена книгата.

„Сами на своето“ е посветена на најтурбулентниот период во поновата македонска историја – периодот од започнувањето на транзицијата на политичкиот и економскиот систем до приемот на земјата во членство на ОН, во април 1993 година, како заокружување на процесот на меѓународното признавање. Балканското „јаболко на раздорот“ се најде исправено пред бројни предизвици и искушенија во процесот на остварувањето на своето осамостојување, како на внатрешен така и на меѓународен план, а во поголемиот дел на овој период, Македонија беше оставена да биде „сама на своето“ – без меѓународно признавање, без финансиска поддршка, во опасно опкружување и речиси без воени сили.

На промоцијата на книгата се обратија проф. д-р Рената Дескоска и авторот проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Промоторот на монографијата, проф. д-р Рената Дескоска, нагласи дека оваа книга е извонредно и вредно четиво за креаторите на политиката бидејќи содржи историски лекции и поуки чие познавање е клучно за поуспешно водење на политичките процеси, заради тоа што „политика без политичка меморија“ чекори по потешкиот пат. Но, оваа книга е значајна и за научната, стручната, но и пошироката јавност бидејќи на едно место, на јасен, разбирлив и лесно читлив начин е даден темелен пресек на политичките, правните и меѓународните односи во периодот на остварувањето на македонската независност.

Авторот проф. Докмановиќ потенцираше дека книгата не тежнее да наоѓа виновници, губитници и победници. „Сами на своето“ е еден обид да се прикажат клучните предизвици со кои се соочи земјата во едни исклучително комплексни услови. Разбирањето на овие настани, процеси и трендови треба да ни овозможи полесно да ја сфатиме и комплексната ситуација во која денес се наоѓаме и по можност да создадеме нова иднина, без да ги повторуваме сопствените грешки.         

Во електронска форма книгата ќе може бесплатно да се преземе од следниот линк. 

Поврзани објави

Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

Промоција на Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

06/08/2022
Актуелно

Како лесно да го средите дворот во 3 чекори

26/07/2022
Вести

Повторно е во функција бројот 193 за повикување на пожарната во Тетово

15/07/2022
Вести

Во октомври ќе биде црковната богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец

08/07/2022
Тетово Инфо лого
Инфо компас

Ценовник за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес

04/07/2022
Следна објава

Втор ден без починати од Ковид-19, се намалува и бројот на хоспитализирани во тетовската болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.