• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

По трет пат ќе се одржат „Фолклорни игри под Шара“ во Тетово

08/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на  Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка” од Тетово во сабота на 10 јули 2021 година, со почеток во 19:00 часот во големата сала на тетовскиот Центар за култура „Иљо Антевски-Смок“  ќе ја одржи третата манифестација „Фолклорни игри под Шара“. 

Манифестацијата има мултиетнички карактер на која на едно место се претставува фолклорот на народите кои живеат во пазувите на Шар Планина – Македонци, Албанци, Срби, Бошњаци, Турци, Роми и други. 

 -На двете претходни изданија на манифестацијата својот фолклор го претставуваа културно-уметнички друштва кои работат во Тетово и околните населени места. Изминатиот период беше исклучително тежок за нормално работење на овие друштва, па поради тоа оваа година на програмата ќе земат учество три културно-уметнички друштва како и вокални и инструментални солисти: Тимко Чичаковски на канон, Ернес Ибраимовски, кој ќе исполни една ромска песна и вокалниот солист на Здружението Драгиша Аврамовски. Народната игра на Македонците и Србите ќе ја претстават членовите на домаќините, Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово и КУД „Брвеница“ од Брвеница додека на Бошњаците КУД „Диванхана“ од Сарај. Албанскиот фолклор ќе биде претставен преку народната поезија во изведба на тетовскиот актер Бурхан Амити, изјави Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Манифестацијата „Фолклорни игри под Шара“ претставува проект од национален интерес во културата за 2021 година на Министерството за култура на Република Северна Македонија од областа на фолклорната и музичко-сценската дејност.

А.С

Поврзани објави

Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Вести

Миле Лефков: Oвие луѓе покажаа дека знаат како да се работи во интерес на Тетово, гласајте за ВМРО ДПМНЕ

17/08/2022
Следна објава

За шест месеци од 2021 година санкционирани 801 лице за управување возилата без положен возачки испит и валидна дозвола

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.