• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

По шести пат извршена промена на годишниот план за јавни набавки на општина Тетово

На страницата на ЕСЈН има можност за споредба на верзиите од годишниот план.  Така може да се види дека во верзијата број 6 од 12 ноември 2020 во споредба со првата верзија поставена во јануари има додадено 25 нови ставки, една ставка има промена од 33, 33 % и пет ставки се избришани.

13/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово на 12 ноември на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) има поставено шеста верзија од годишниот план за јавни набавки.  Мониторингот на јавните набавки што се врши во рамките на проектот „Анализа на јавните набавки во Полошки плански регион“  од страна на невладината организација „Младинска Алијанса“ и Тетово инфо, покажа дека често пати општините вршат измени и дополнувања на јавните набавки.

Општините како еден вид договорен орган според Законот за јавни набавки прават годишни планови за јавни набавки, кои се ориентациона проекција за нивните годишни потреби. Плановите според законот може да се менуваат, но процесот на планирање на набавките е од исклучително значење за правилна примена на законот и навремено задоволување на вистинските потреби на договорниот орган во текот на годината, се вели во брошурата „Планирање на набавките“ издадена од Бирото за јавни набавки.

На страницата на ЕСЈН има можност за споредба на верзиите од годишниот план.  Така може да се види дека во верзијата број 6 од 12 ноември 2020 во споредба со првата верзија поставена во јануари има додадено 25 нови ставки, една ставка има промена од 33, 33 % и пет ставки се избришани.

Во споредба на верзијата 6 од 12 ноември и препоследната верзија 5 од 27 октомври може да се согледа дека има нови 7 нови ставки, додека 4 ставки се целосно избришани.

Меѓу седумте нови ставки се јавни набавки за проектите-Реконструкција и санација на кров на објект Радио Тетово, Реконструкција на детска градинка кај Спортски Центар, Реконструкција на спортски терен во с.Голема Речица, Набавка на цевки за водоснабдување за с.Порој, Набавка на цевки за водоснабдување за с.Џепчиште и Набавка на цевки за водоснабдување за населено место Речица.

Додека меѓу целосно избришаните 4 ставки се проектите насловени Реконструкција на улица Г.Делчев,Реконструкција на објект на Противпожарна единица-Тетово, Реконструкција на улица Ѓ.Стојчевски од бул.Илинденска до ул.29 Ноември и Проект за јакнење на општинскиот совет.

Во рамките на проектот „Анализа на јавните набавки во Полошки плански регион“ е извршен мониторинг во електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) околи измените и дополнувањата на на општините Тетово, Брвеница, Желино, Теарце и Јегуновце заклучно со 31 октомври 2020 година.

Овој текст е изработен во рамки на проектот „Граѓански организации и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција”.  Изработката на текстот е со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на публикацијата единствено се одговорни Младинска Алијанса-Тетово и Тетово Инфо и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Ковид-19: Починато едно лице, 65 новозаболени, 49 оздравени

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!