Основниот суд во Тетово за двајца жители на Тетовско кои вчера беа приведени откако кај нив беше најдена дрога определи мерка притвор. Судија на претходна постапка во судот во Тетово определил мерка притвор од по 30 дена.
-Двајцата ќе бидат спроведени во Казнено поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, соопштија од тетовската полиција.
Вчера прво беше уапсен 48 годишникот од Тетово кај кого беше најдена марихуана, а потоа и 40 годишник од Џепчиште кај кого во во дворот од неговата семејна куќа полицијата најде 80 грама кокаин и две дигитални ваги.
ас