• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Празнична Света Василева литургија Владиката г.Јосиф денес отслужи во црквата Свети Никола во Тетово

Во денешниот осми ден по големиот празник Рождество Христово – Божиќ  чествуваме три големи празници и тоа: Обрезание на Господ Исус Христос, споменот на светиот Василиј Велики, како и почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар

14/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денес на празникот Обрезание на Господ Исус Христос, Св. Василиј Велики, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Василиева литургија во храмот „Св. Никола “ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерерјско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со светите Христови Тајни.

„Во денешниот осми ден по големиот празник Рождество Христово – Божиќ  чествуваме три големи празници и тоа: Обрезание на Господ Исус Христос, споменот на светиот Василиј Велики, како и почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. Денес најпрво сите ние треба да му заблагодариме на Бога, за неговата неизмерна милост што благоволи да го дочекаме почетокот на Новото 2020 Лето Господово и можноста да се восхитуваме на убавината на животот и на радоста на денот, како и за можноста да заедничариме на денешното евхаристиско богослужение, сеќавајќи се и празнувајќи ги денешните светли празници.

По Божја промисла, денес си спомнуваме и за еден од најголемите богослови на Црквата, за свети Василиј, архиепископот Кесариски, кој сведочејќи ни со својот живот и дела за длабоките христијански тајни – го добил и епитетот Велики. Живеел во 4 век и бил архиепископ на Кесарија Кападокиска. Сочувани се многубројни дела од овој отец на Црквата. Автор е на Василиевата литургија, која освен на денешниот ден се служи уште 9 пати во годината. Се упокоил мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ. Со споменот на свети Василиј е поврзано и преданието за „Василопитата“ или во народот познат како лебот со паричка. Имено тоа предание е поврзано со чудесниот настан, кој се случил на Нова година во Кесарија. Свети Василиј, знаејќи ја злобата и алчноста на тогашниот нечесен цар Јулијан собрал од народот накит и златници сè со цел на враќање од битката истите да му ги предаде на царот за да не го запали градот.

Но се случило чудо и Јулијан бил убиен. Бидејќи немало потреба од златото свети Василиј решил истото да го врати на народот. Незнаејќи што на кого му припаѓа, просветлен од Бога,  тој им наредил на готвачите да направат мали лебови во кои ставале од златото. Тие лебови биле поделени на верниците во црквата токму на Нова година и секој во лебот си го нашол сопственото злато. Во спомен на тој настан до ден денес се практикува да се меси лепче со паричка, а оној, кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за престојната година“, истакна владиката во беседата.

Тагови: Нова годинаОбрезание на Господ Исус Христососми ден по Рождество Христово – Божиќспоменот на светиот Василиј Великиспоред јулијанскиот календар

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Движење Беса : Власта шестоседот на Попова Шапка ќе го пушти во употреба пред избори

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.