Александар Велјановски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Тетово побара одговорност од властите поради тоа што не се реализира ветувањето за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ на седницата по предлог Законот за рамномерен регионален развој.
-Помина уште една буџетска година а нема ништо од ветувањето на власта за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“. Факт е дека во овој дел на градот живеат во најголем дел Македонци, на оваа улица се и трите православни цркви, па оттука се поставува прашањето дали градоначалничката намерно сака да го обезвредни имотот на жителите на улица Гоце Делчев, кои живеат во многу тешки услови, без детален урбанистички план и.т.н Доколку нема казна и одговорност за лошите градоначалници нема да има ниту развој на општините, вели Велјановски.