• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Првиот Центар за нови вештини „SkillsNext“ почна да функционира на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово

05/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Тетово започна да функционира првиот Центар за нови вештини „SkillsNext“ што претставува модерно опремена површина од 350 m2, каде професионалци, практичари и студенти ќе посетуваат специјализирани обуки од текстилната и градежната индустрија какои од земјоделството. Во исто време, Центарот ќе служи како „продолжена рака“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) при што ќе се создадат услови за реализација на актуелни обуки, предавања и тренинг. Концептот на просторот поддржува соработка и партнерства помеѓу индустријата, јавниот сектор, академската јавност, експертите и работна силата сила од сегашноста и иднината.

-ФИТР е партнер на оваа иницијатива, при што сметаме дека Центарот за идни вештини #SkillsNext идеално со вклопува во мисијата на Фондот за иновации и технолошки развој, а тоа е: градење и негување на култура на развој, нови трендови, технологии и апликативни решенија подготвени глобално да се вклучат во работни и бизнис процеси. Сакам посебно да го истакнам и регионалниот карактер на Центарот, со отворени можности за регионални соработки и глoбален развој на нашата работна сила, а посебно креирање нов човечки капитал подготвен веднаш да се вклучи на конкурентениот пазар на труд.“ – изјави директорот на ФИТР, Коста Петров.

Во следниот период, „SkillsNext” ќе работи на неколку функционално – стратешки цели во правец на создавање релевантен Ресурсен хаб за поддршка на зелената транзиција и технолошката трансформација во градежната, текстилната индустрија, како и во и земјоделството.

-Како и насекаде, сведоци сме дека токму недостатокот на квалификувана работна сила со специфични вештини претставува и главен фактор за поголема конкурентност и професионализам на пазарот на трудот. Тоа и беше главната причина за создавање на Центарот чија што главна мисија ќе биде создавање на поквалитетни и подобри работни места и поголема продуктивност на приватниот сектор.“ – потенцираше Постојатниот преставник на Програмата за развој на Обединетите нации во нашата земја, Армен Григорјан.

Сите актуелности, новитети и материја за е-учење, како и споделени бизнис информации од регионот ќе бидат поставени и споделени на интерактивната платформа www.skills4future.mk која ќе претставува главна точка за информирање и учење.

Амбасадата на Обединетото Кралство ја препозна потребата за поддршка во областа на градење квалификувана работна сила подготвена со нови вештини да се вклучи на пазарот на трудот.

-Се надевам дека Центарот ќе започне и ќе ги негува целите за одржливи градежни методи. Почнувајќи од БИМ (Building Information Modelling) технологијата, за која што е потврдено дека го намалува процентот на отпадните материи и дозволува оптимизација на градежните технологии, преку методи за енергетско предвидување и планирање, па се до практични вештини за работа во полето на енергетста ефикаснот и создавање зелена енергија.“ – подвлече Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство.

Центарот за нови вештини „SkillsNext“ кој е отворен вчера е во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), ФИТР и УНДП. 

 ас

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Бојкот на настава и протест на средношколци-бараат доследно спроведување на мерките за заштита од коронавирус

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.