• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Први места во пијано натпревар за ученици од Тетово на натпреварот „Полихимниа“

Две први, две втори и едно трето место освоија ученици од Тетово кои изучуваат пијано на петтиот по ред  меѓународен фестивал „Полихимниа“, во организација на истоименото здружение на музички педагози од Скопје. Станува збор за деца до 9 години кои учествувале во пред-категоријата на најмлади музичари наречена Бамбини и за прва категорија родени 2008 и 2009 година.

25/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Две први, две втори и едно трето место освоија ученици од Тетово кои изучуваат пијано на петтиот по ред  меѓународен фестивал „Полихимниа“, во организација на истоименото здружение на музички педагози од Скопје. Станува збор за деца до 9 години кои учествувале во пред-категоријата на најмлади музичари наречена Бамбини и за прва категорија родени 2008 и 2009 година.

Под менторство на професорката Теута Халими Селмани, прво место освоиле Деа Ајети и Тринга Беџети додека Беса Сали второ место.  Со менторство на професорката Каролина Петровска Танеска, второ место освоила Јета Мазлами (IV одделение), а трето место Олгица Велјановска (VI одделение).

-Натпреварот се одржа онлајн така што учениците се снимени како настапуваат на пијано и снимките поставени на интернет, на Јутјуб.  Потоа комисија на фестивалот ги прегледа снимките и ги оценуваше со бодови. Трите мои ученици освоија награди, две први и едно второ место, изјави професорката Теута Халими Селмани.

Полихимниа е натпревар за сите инструменти: пијано, хармоника, гудачки  инструменти, жичани инструменти, соло пеење и камерна музика. Првата етапа е со испраќање на видео снимка на две композиции различни по карактер и стил, ограничени со времетраење наведено во пропозициите подолу.

Втората етапа треба да одржи од 4-ти до 6-ти декември 2020г. во Скопје, со настап на најдобрите натпреварувачи од сите категории кои покажале најдобар настап и имале најуспешни резултати во првата етапа.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Семинар за албанологија на Универзитетот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.