Министерството за здравство евидентира пет смртни случаи кај луѓе од тетовскиот регион само за изминатите 24 часа. Во декември ова е прв ден да има повеќе од еден починат во едно деноноќие. По еден починат беше евидентирано на 1, 2 и 4 декември. Сега бројката на починати поради коронавирусот во тетовско изнесува 168 лица.
Се бележат 47 нови случаи и 22 оздравени. Има вкупно 1024 активно болни од кои 45 лица се на болничко лекување. Вкупно досега заболени се 4226 луѓе.