„Трговска комора за активности на фотографии и видеографи“ формирана во декември 2020 година за прв пат одржа состанок со членовите од полошкиот регион Тетово-Гостивар. Средбата се одржа вечерва во Тетово.
-Овој состанок го организиравме за да разговараме за проблемите што ги имаме во текот на работата и заедно да се обидеме да ги решиме. Идејата е да се во воведе ред и во оваа дејност преку соодветно лиценцирање или дозволи за работа, изјави претседателот на комората, Миле Спасов од Струмица.
Претседател на Собранието на Комората е Џемал Абдулахи од Тетово, кој инаку е и координатор за градот.