Градскиот автобуски превоз во Тетово ќе чини 20 денари, а ќе има 5 категории на месечни и годишни билети, најавува претседателот на Советот Беким Мемети. Сепак за цените и другите параметри на превозот треба да се одлучи на седницата на 28 јануари, откако на 17 јануари општината инфомираше и ги промовираше петте набавени автобуси.
-Билет за едно возење ќе чини 20 денари. Во категорија А билетот за сите граѓано месечно ќе чини 900 денари, а годишно 9000. Категорија Б е за студенти (350 месечно/3500 годишно), категорија Ц е за пензионери и луѓе над 62 години (350/3500ден.) Категорија Д е за вработени во општина Тетово (450/4500) и категорија Е лица со над 80 отсто попреченост за кои ќе има бесплатен превоз, пишува Беким Мемети на профилот на социјалната мрежа Фејсбук.
Директорот на јавното претријатие „Тетово транспорт“ Фејсал Беадини информира дека ценовникот е пратен на усвојување до Советот на општина Тетово и се чека на негово одобрување согласно законските одредби.
Планирани се три рути за одвивање на јавниот транспорт низ градот. Првата рута е од автобуската станица на улица „Борис Кидрич“до Универзитетот на Југоисточна Европа. Втората рута исто од „Борис Кидрич“, преку „Иво Лола Рибар“, и повеќе други улици во северозападниот дел од градот икоја што завршува на почетната станица.
Третата рута оди почнува од улица „Борис Кидрич“ па преку булевар „Видое Смилевски – Бато“, ќе се поминува низ сообраќајните во источниот и јужниот дел од градот.
За набавка на автобусите општината зеде кредит од Светска банка во висина од 1 милион и 200 илјади евра. До 90-тите години во Тетово јавен превоз извршуваше сообраќајното претријатие „Полет“ за кое беше започната стечајна постапка.
А.С