• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Презентацијата на физибилити студија за Попова Шапка недостапна за новинарите, невладините реагираат и на зачестеноста од такви анализи

11/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од неформалната иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ посочија дека веќе трета по ред физибилити студија се прави за Попова Шапка, за кои само за една се трошат по 200 илјади евра. Нинвта реакција беше во пресрет на денешната презентацијата на физибилити студијата од консултантската куќа Прајс Вотерс Хаус Куперс.

-Имаме документи од „Екон инвест“ кои направиле студија за 200 илјади евра и пред извесно време за 230 илјади студија направиле „Еко Сигн“. Знаеме дека и за оваа студија се потрошени околу 200 илјади евра добиени од Светска банка, изјави Хамди Сулејмани од „Да ја спасиме Попова Шапка“

Според правилата на компанијата Прајс Вотерс Хаус Куперс не беше дозволено презентацијата на физибилити студијата да се следи од новинарите и да се прават аудио и видео записи.

-Знаеме дека има правила со авторски права но и имаме право ние како граѓани преку вас медиумите да се информираме со детални информации. За жал се навикавме на вакви работи и затоа јавно апелирам да има можност да се следи постапката, рече Сулејмани.

Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачески изјави дека тие како нарачатели денес ќе добијат првични информации за студијата.

-Денес  е почеток на формите кои понатаму ќе се развиваат. Како нарачателите понатаму јавна ќе имаме и дебата со сите заинтерсирани и на крајот ние како друштво со Владата заедно ќе одлучиме што ќе се преземе од студијата,рече Ковачески.

На новинарско прашање за оправданоста да се прави нова студија, со оглед на посочените две претхонди Ковачески со одговор дека на сегашната компанија и се дадени сите студии и презентации.

-Имаше  потреба за нова студија која точно и прецизно ќе укаже како да се развива Попова Шапка, рече Ковачески.

Според Ковачески за конечното решение треба да се одбира од 7 до 9 варијанти.

 

Тагови: новинарипрезентацијапрессфизибилити студија

Поврзани објави

Вести

61-годишна жена пријавила дека била касната од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Следна објава

„Пре-преведувањето, потреба или принуда“ тема на средбата на книжевни преведувачи во Лешок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.