• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Прекршочни пријави за лажно повикување полиција-казни од 100 до 400 евра

21/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира дека ќе поднесе две прекршочни пријави за лажно пријавување на настан и барање на  интервенција  од полицијата. За овие прекршоци се предвидени глоби од 100 до 400 евра, а се по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде се вели дека ќе се казни тој што лажно повикува на помош или пријави настан со намера да предизвика излегување на служебно лице на државен орган или јавна служба.

-Секторот за внатрешни работи Тетово на Л.Н.(52) од Пробиштип која времено престојувала во Тетово и на тетовката Џ.Р.(47) им изготви соодветни поднесоци по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, затоа што во текот на овој месец двете пријавиле физички напади и побарале полициска интервенција, а потоа се предомислиле и не го потврдиле пријавеното, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според статистичките податоци на СВР Тетово во изминатите девет месеци од оваа година на подрачјето се бележат вкупно 204  реални нарушувања на јавниот ред и мир, односно прекршоци. Во овие нарушувања биле инволвирани 279 сторители,  а најголемиот број од прекршоците се целосно расчистени и заокружени со соодветни поднесоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

-Најмногу од прекршоците за кои се изготвени и барања за поведување на прекршочни постапки се случиле во град, најчесто со поединечно учество на сторителите, од кои  во овој период дури најмногу биле мажи.Најголемиот број од сторителите се на возраст над 25 години. Меѓу евидентираните прекршоци повторно најбројни се физичките напади 82 се случиле на тетовското подрачке, потоа тепачките, дрско и непристојно однесување, исто така, навредување и омаловажување  на службено лице или државен орган и така натаму, посочува Јосифоски.

Во периодот за кој станува збор регистрирани се два прекршоци во и околу училишта и три  на спортски натпревари, додека не се бележи ниту едно нарушување на јавниот ред и мир со меѓуетнички предзнак.      

ас

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Програмата 2021-2025 на Билал Касами со мотото „Со срце за Тетово“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.