Премиерот Зоран Заев утре ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на фотонапонска централа во село Теново, Општина Брвеница.
-Се работи за изградена фотонапонска централа од јавниот повик за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште кој беше објавен во 2019 година. Оваа централа е само една од севкупно 27 централи кои склучија Договор за право на користење на премија како резултат на успешно спроведената тендерска постапка за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, информираат од Владата.