• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Препораки за заштита од високи температури

24/06/2021
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Овие два дена, четврток и петок, согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза четврток до петок). Оттаму согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:

-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

-Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот;

-Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници;

-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Потсетуваме дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето:

-Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;

-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;

-Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

-На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.   

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Инфо компас

Програма за утрешниот настап на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“

30/05/2023
Вести

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

29/05/2023
Вести

Сите кои навивате за ФК Тетекс утре во Маџари за поддршка на фудбалерите во бараж-натпреварот за опстанок во Втора лига

27/05/2023
црвен крст
Инфо компас

Крводарителски акции во вторник, среда и недела

26/05/2023
Следна објава

Се асфалтира реконструираната улица „Ѓоце Стојчевски“, нова најава дека скоро почнува обновата на улица „Гоце Делчев“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!