• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Прес конференција на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово: Не функционира моделот на интегрирано водење на случај во Центар за социјална работа

05/03/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјановски на прес конференција посочи на погрешно работење во Центарот за социјални работи во Тетово.

Погрешните  политики и целосната партизација која сдсм и Мила Царовска ја прават во ресорот труд и социјала, нанесуваат огромна штета на најранливата категорија граѓани во Република Македонија, а тоа се социјално загрозените граѓани. Имено, со воведувањето на моделот на интегрирано водење на случај, без притоа да се обезбедат сите основни услови, социјално загрозените граѓани лутаат во Центрите за социјална работа, неможејќи да ги остварат своите права, истакна Велјановски.

-Во Центарот за социјална работа – Тетово се случува општ хаос кој што е предизвикан од нефункционирањето на овој модел. Според наши информации граѓаните непотребно се малтретираат и се препраќаат од една канцеларија во друга, лица со хендикеп се препраќаат од една институција во друга, незнаејќи кај кого да се обратат за да ги остварат своите права, истакна на прес конференцијата Александар Велјановски.

-За да биде појасно, во Тетово и тетовско има околу 15.000 корисници на социјални права, кои што се распределуваат на 10-тина стручни лица во Центарот за социјална работа Тетово. Новиот модел на работа и  неспособноста на директорот на Центарот за социјална работа во Тетово да ја организира работата согласно новиот модел за интегрирано водење на случај доведува до застој и хаос во работењето. Според наши информации во Центарот се вработени околу 70 работници, но сепак новиот модел го спроведуваат само десеттина вработени, кои секојдневно трпат притисоци од директорот.  Оттука го прашуваме директорот дали е точно дека во моментов се случува хаос со постапките во Центарот, и дали навистина има вработени кои одбиваат да работат или воопшто не доаѓаат на своите работни места. Исто така сакаме да прашаме дали не се превземаат никакви мерки поради нивната партиска припадност?, истакна на прес конференцијата Александар Велјановски.

-Непрофесионалноста во менаџирањето предизвикува револт кај корисниците и кај дел од стручните лица во Центарот кои најавуваат откази од своите работни места, предвремено заминување во пензија и слично. Дополнително, наместо проблемот со недостиг на стручен кадар да се решава со вработување на соодветни стручни лица, во Центарот во изминатиов период се вработуваат десетина партиски послушници, кои не можат да бидат водители на случај.

-Почитувани, владата на сдсм воопшто не води грижа за социјално загрозените категории. Почитувани граѓани, времето на катастрофалното владеење на СДСМ конечно завршува на 12 Април. После 12ти април, ќе започне вистинската Обнова на Македонија. Повеќе за секого, истакна на прес конференцијата Александар Велјановски.

 

 

Тагови: конфренцијапресс

Поврзани објави

Вести

Сите кои навивате за ФК Тетекс утре во Маџари за поддршка на фудбалерите во бараж-натпреварот за опстанок во Втора лига

27/05/2023
црвен крст
Инфо компас

Крводарителски акции во вторник, среда и недела

26/05/2023
Вести

Апел за помош за наоѓање на загубени клучеви

25/05/2023
Вести

Во сабота во тетовско Теарце ќе се одржи манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“

25/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 25 мај

24/05/2023
Вести

Во недела почнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор 2023“ во Јанчиште

23/05/2023
Следна објава

Се реконструира патот Беловиште-Вратница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!