• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Прес конференција на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово

11/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на оштинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Ангел Карапетров одржа прес-конференција.

-Почитувани, утре во Тетово ќе се одржи седница на Владата, Влада која ветуваше “Живот за сите ”
Ветуваа владеење на правото, ефикасна јавна администрација, квалитетни медицински услуги, ниско ниво на корупција, бизнис без рекет, слободни медиуми, чист воздух, враќање на иселените, и што ли уште не.
На локално ниво, ветуваа дополнителни простории во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ за учениците Македонци, катни гаражи, базен, пробивање на нови булевари, регионална депонија,нови паркови,шеталишта, чист град. Ветеното и тоа што е реализирано за тетовчани е рамно на измама !

Почитувани, Утре во Тетово е Зоран Заев, премиерот кој го промени името на нашата држава, кој ги распродаде македонскиот идентитет и историја, ветувајќи сигурна европска перспектива, но на крај ги разочара сите.  За жал, Тетово секојдневно се празни и останува без млади луѓе, без доктори, без инжињери, без медицински персонал,без занаетлии.

Почитувани, Тетово денес стана град без иднина. Господине Заев, кога веќе доаѓате во Тетово, Ве замолуваме, прошетајте низ центарот на Тетово и видете ги сите натписи на дуќаните кои се издаваат под ќирија и натписите за барање на работници, па прашајте колку време се издаваат и колку време се бараат работници, а никој не ги изнајмува и не се пријавува за работа. Прашајте ја градоначалничката како се спроведува вашата флоскула “Едно општество за сите” ?

Прашајте дали на некој од осумте сектори во општина Tетово има раководител Македонец?  Дали на некое од јавните претпријатија директор е Македонец или припадник на друга етничка заедница ?  Прашајте дали се инвестира во инфраструктура на местата каде живеат македонци и зошто барем една шајка не е ставена во стариот дел на градот Тетово, и во сите други делови на град Тетово каде живее етничко македонско население.

И на крај, премиере Заев кога веќе доаѓате во Тетово, повикајте го вицепремиерот Бујар Османи да прошета низ Тетово и на сите фирми каде што нема натпис на кирилица да побара да се постави, со што би се испочитувал законот, би се испочитувал Уставот на Република Македонија, би се испочитувале Македонците во Тетово.

Почитувани тетовчани, На 12 април доаѓа одговорот од народот. ВМРО ја запали машината и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе победата.  Ќе покажеме и ќе докажеме како одговорно се владее, и како се дава шанса на успехот.Заедно со сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати, заедно со Коалицијата за обнова на Македонија тргнуваме кон победа, заедничка победа и триумф на народот.

 

Тагови: ок вмро дпмнепрес конференцијаТетово

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Герила акција за нерешените проблеми во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.