• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Претседателката на Унија на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово и кандидат за пратеник Анита Бошкоска Јовановска одржа прес-конференција

17/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателката на Унија на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово и кандидат за пратеник Анита Бошкоска Јовановска одржа прес-конференција.

-Сега, кога конечно се знае денот на предвремените парламентарни избори, дојде и времето да кажеме дека изборот не бил никогаш полесен. Ова го велиме, затоа што во изминативе три години видовме какво е вистинското лице на сдс и на нивниот лидер, Зоран Заев. Го видовме лицето на лагата, манипулацијата, превртливоста, себичноста. Сетете се како го ветуваа животот на голема врата, фантастична просечна плата од 500 евра, бесплатно здравство за сите, економија од невидени размери. Велеа дека се борат против режим. А всушност, само што седнаа на фотељите ги фати колетивна амензија. Зоран Заев се колнеше во бетон-идентитет, во својата совест, во своето семејство, рецитираше новокомпонирана поезија за талкањето низ времето, за својата национална жица. Велеше дека никој нема да го смени името Македонија, за по неколку месеци да разменува потписи и кравати во Преспа, да се гоштева заедно со неговата екипа по луксузни одмарашлишта, а од авионот на владата по сто пати од воздух да честита за некакви си датуми за ЕУ. Сите знаеме колкава жртва и колкаво понижување претрпе Македонија заради разните манипулации со трас-трас судството на фамозното СЈО. Се слеваа невидени суми во џебовите на Јанева и специјалните обвинители, додека се затвораа чесни македонски патриоти по затвори, со монструозно изречени казни од над двесте години, само и само затоа што ја сакаат Македонија.

Да се потсетиме на инвестициите што се ветуваа на голема врата, ама ете, моментално Македонија е затворена од сите страни, а инвестициите најверојатно чекаат да се кренат рампите на границите за да можат да влезат. Три години, почитувани граѓани, три години заплашување, корупција од невидени размери, лаги многу поголеми од оние двесте метри асвалтен пат и тунели отворени со труби и чочеци.  Дали треба да се потсетиме како Заев и неговата тајфа глумеа жртви на режим и користеа туѓи животни трагедии само за да ја глумат сегашнава црна комедија? Нели здравството ќе беше бесплатно за сите? Каде отидоа милионите средства помош за справување со пандемијата?

Ама „блескаме“ нели? Ги изначекавме респираторите кои еднаш беа стигнале до граница, па ги вратиле, за после да испадне дека немало тендер, па потоа по еден ден имало тендер, ама некој ни ги украл, па повтроно тргнале накај Македонија, ама пак ги заплениле. И да биде уште потрагично, неспособноста на сдс отиде до таму, што се срамат да кажат Македонија, па се користат со реченици како нашата земја, државата, оваа земја. Барем химната еднаш да ја пуштеа како што треба. Ама не. Не ги бива ни едно знаме правилно да го наместат, а камо ли државата правилно да ја водат. Не си ја познаваат татковината, Република Македонија, па затоа користат фотографии од туѓи земји за да прикажат дека тераат кампања за домашен туризам. Не се потрудија ни да ја одржат културата и историјата, туку покорно бакнуваат рака на секој што мислат дека ќе ги одржи во живот. Бришат се што е македонско, мислат оти се сопственици на сите наши животи и судбини и дека тоа е добро, а притоа се коваат тендери во четири очи, се отвораат фирми преку ноќ кои земаат милионски суми.

Почитувани граѓани! Времето им истече. Доаѓа денот кога ќе треба да се врати сето достоинство, сета чест на Македонија. Да се врати онаму каде што припаѓа. Кај народот! 15 јули е денот кога вирусот наречен сдс ќе си замине од политичката сцена. ВМРО-ДПМНЕ не ветува само  зборови. ВМРО-ДПМНЕ ветува работа , чесност, посветеност и истрајност. ВМРО-ДПМНЕ ветува борба за обнова на Република Македонија!  Ќе истраеме! Ќе се вратиме на вистинскиот пат! Македонија повторно ќе биде достоинствена и еднкава, без преседани, за сите! Да живее суверена, самостојна и независна Република Македонија, истакна Анита Бошкоска Јованоска.

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

За месец и половина речиси 1000 луѓе санкционирани за неносење на заштита маска

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!