Тетовската полиција соопшти дека приведена била 26 годишна жена како осомничена дека од фирмата во која работела украла пари од касата. Според СВР Тетово станува збор за 2600 евра.
-Околу 11часот и 30 минути, на улица „ЈНА“ во Тетово, лишена од слобода е 26-годишна тетовка поради основи на сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2600 евра.Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата.