• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Приведени двајца угостители поради непридржување до протоколите за работа во пандемија

04/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Двајца сопственици на угостителски објекти во тетовско се приведени вчера навечер откако гости се забележени во внатрешноста на нивните локали, а воедно немало поставено маски соодветно на протоколите за работа во време на пандемија. Тие се откриени во заедничка акција на полицијата со Државен пазарен инспeкторат при што се извршени контроли на вкупно 31 објект.

-Вчера околу 23 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода З.М.(48) од Тетово, поради основи на сомнение дека не ги почитувал протоколите за работа и сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.  Поради сомнение дека сторил истото кривично дело, вчера околу 22 часот и 25 минути, исто така, во тетовско Одри бил лишен од слобода и С.Ф.(52) од ова село. Двајцата биле приведени во полициска станица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата за неносење заштитни маски поднела 56 прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 63 лицa, додека вкупно биле контролирани 352 лица со вакви решенија. Изјави за самоизолација потпишале вкупно 12 лица, а контролирани биле 73 лица со потпишани изјави за самоизолација.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Училиште во Тетово го прекина уписот поради Ковид-19 кај наставничка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!