• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Приведени за хероин и за агресивност кон полицајци, девојка повредена пријавила повреда во такси возило

03/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово информира за неколку настани кои се евидентирани во нивната служба. 

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (2 март) околу 15 часот, на улица „Љуботeнска“ во Тетово, ги лишиле од слобода Ј.С.(51) и Б.Љ.(41), двајцата од Тетово, затоа што при преглед им бил пронајден хероин. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бида изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

 

Вчера (2 март) околу 21 часот и 20 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 40-годишниот тетовец Л.Б.,кој се однесувал агресивно кон нив и непоседувал документи за идентификација. По расчистување на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

                        

Ноќеска (3 март), половина час по полноќ, 23-годишната Д.Ф. од тетовска Шипковица во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот и 10 минути, додека со такси возило што го управувал И.А.(54) од истото село се превезувала кон селото, возачот нагло ја намалил брзината, а поради што таа се удрила во пластичен предмет и задобила тешки телесни повреди, констатирани во тетовскатa Kлиничка болница, каде била пренесена за укажување  на лекарска помош. Се расчистува и документира случајот.

 

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (2 март) од 22 до 22 часот и 30 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, во кој откриле и санкционирале 2 лица кои непоседувале вакцинален сертификат и на кои ќе им бидат изготвени поднесоци, како и на сопственикот на објектот Ш.Б.(28) од тетовско Вешала за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

 

Триесет и тригодишниот тетовец А.Р. вчеравечер (2 март) во 21 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека  пред угостителски обејкт на улица „110“ во Tетово физички бил нападнат од  И.Ч.(25) од Тетово кој, според пријавеното, во нападот употребил и остар предмет, но бил спречен од две други лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

 

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Изгоре плевна во Вратница, тетовската пожарна на враќање имала дефект на еден камион

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.