• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Приведени пет лица за кражба, напад врз полицаец и поседување дрога

04/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полицајците вчера привеле пет лица во Тетово од кои четворица се жители на други места поради кражба, агресивност кон полицајци и откриена дрога

-Околу 11 часот и 35 минути, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Илинденска “ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 27-годишната гостиварка М.И. и 45-годишниот скопјанец Д.Г., поради сомнение дека на 29-ти август околу 18 часот и 50 минути  извршиле разбојништво во аптека на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.  Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, случајот целосно е расчистен и против нив ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Поради напад врз полицаец вчера попладне е приведен 44 годишник од Тетово.

-Околу 15 часот и 20 минути на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Г.И., кој се однесувал агресивно додека преземале службеници дејствија во непосредна близина и при тоа физички нападнал и еден полициски службеник. Г.И. задржан е во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување на случајот против него ќе следува поднесок, информираше Јосифоски.

Вечерта околу 21 часот и 45 минути во тетовско Горно Седларце, полицајци на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Ф.(32) од гостиварско Беловиште и А.У.(32) од Скопје. При нивен преглед била пронајдена бела прашкаста материја.

А.С

 

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Цела недела се бележат напади од бездомни кучиња

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!