• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Приведени странци и казни за пушење во локал во Тетово

21/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

При контрола на угостителски објект во Тетово приведени се три странски државјанки за нелегален престој, додека гостиварчанец поради поседување нож. СВР Тетово информира дека контролата била направена ноќеска околу 1 часот и 30 минути, во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на 31-годишниот А.А. од Боговиње.

-При акциска контрола затекнале и привеле три странски државјанки, А.У.(24) од Русија, О.К.(33) од Украина и Ј.Г.(28) од Србија, поради сомнение дека го злоупотребиле  туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта. Трите странски државјанки се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. Во објектот приведен е, исто така, и 26-годишниот гостиварец Е.Ф., кај кого бил пронајден и одземен нож и на кој ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

При контролата изготвени биле и 15 поднесоци за констатирани прекршоци по Законот за пушење.

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Општина Тетово нема решение за импровизираните тезги на другите места низ градот како примерот со зелениот пазар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.