СВР Тетово информира дека вчера и денес се приведени три лица за издржување на затворски казни, а за едниот од нив имало и потерница. Се барало лице за 6,5 години затворска казна инаку осуден за кривично дело „тешка кражба“.
-Полициски службеници на СВР Тетово денеска во 12 часот, на улица „146“ во Тетово, со судска наредба, го привеле 29-годишниот тетовец Б.Ќ., осуден на шест и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 од Кривичниот законик.Приведениот Б.Ќ. набргу потоа спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово„ во Скопје за издржување на казната, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Претходно околу 11 часот и 40 минути, со судска наредба,приведен е и 30-годишниот Џ.С.од тетовско Слатино, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „насилство”, казниво по член 386 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во КПУ Затвор “Тетово” во Тетово за издржување на казната.
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (1 март) околу 21 часот и 50 минути, во тетовско Пршовце, со судска наредба, го привеле 23-годишникот А.Х. од истото село за издржување на затворска казна, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Тетово“ во Тетово.
Ноќеска (2 март), четириесетина минути по полноќ во тетовски Порој, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот А.К. од ова село, кој претходно се обидел да изврши тешка кражба во помошен објект од куќа на жител на Порој. При лишувањето кај него бил пронајден и одземен нож. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.
Вчеравечер (1 март) од 21 часот и 10 минути до 22 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Скопски пат“ во Тетово, сопственост на 32-годишниот тетовец П.Џ., во рамките на која биле откриени и законски санкционирани 7 лица кои непоседувале „ковид-сертификати“ и на кои ќе им бидат изготвени соодветни поднeсоци, а против правното лице ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.