• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Приведени 13 лица поради приредување на игри на среќа без лиценца

30/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција вчера приведе 13 лица во објект без фирма на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, во кој се приредувале игри на среќа без лиценца. Акцијата била спроведена во периодот од 13.50 часот до 16.40 часот, во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат.

-При што од слобода биле лишени Ј.С.(33), Б.Б.(30), П.Ф.(49), Е.С.(23), А.А.(28), А.Р.(24), А.К.(26), М.С.(26), Б.Х.(20), Ш.Н.(22), Ј.К.(30),  од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и С.О.(28) и О.Ј.(24), државјани на Република Турција. Притоа, од страна на полициските службеници од одговорниот на објектот Б.Б.(30) била одземена компјутерска опрема, и тоа: 8  компјутери „ХП“, 2 лаптопа „ацер“, 8 ливчиња со упатства на турски и англиски јазик, 1 полнач за компјутери и 1 мобилен телефон, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од државен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Извршен претрес во Тетово, приведен 26 годишник поради дрога

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!