Полициски службеници на СВР Тетово на 26.10.2020 околу 11.40 часот го привеле 48-годишниот тетовец Х.Ф., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информира денес СВР Тетово.
Според полицијата потоа Х.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.