Во тетовската полиција вчера (20 септември) во 14 часот, 60-годишна жена пријавила дека во семејниот дом физички била нападната од 66-годишниот сопруг, кој бил во алкохолизирана состојба.
Пријавениот за кусо време лишен e од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира денес СВР Тетово.
А.С