Полициски службеници на СВР Тетово денеска во периодот од 10 до 12 часот и 30 минути извршиле претрес во домот и помошни простории на Б.А. (37) од Тетово.
При претресот, кој е реализиран со судска наредба, пронајдени се: три лаптоп-компјутери, 1 мобилен телефон и 3 полначи за компјутерите, кои се фотодокументирани и подигнати за вештачење. Б.А. пронајдената техничка опрема ја користел за незаконско продавање интернет и тв-програми, информира СВР Тетово.
Како негови клиенти биле стотина корисници на кои за услугата им наплаќал од 70 до 100 евра годишно. Б.А. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот на Б.А. му биде изготвен поднесок за сторено кривично дело “повреда на авторски и сродни права”, посочуваат од тетовската полиција.