СВР Тетово информира дека вчера (8 март) околу 17 часот и 30 минути, на улица „120“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 19-годишниот Н.А. од тетовска Долна Лешница, поради сомнение за негова инволвираност во физичка пресметка на повеќе лица на улица „Маршал Тито“, во близина на тетовски трговски центар. Случајот во 18 часот и 50 минути го пријавил Ф.Н.(41) од тетовска Палатица, чиј малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Ноќеска (9 март) околу 2 часот и 20 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Б.Б.(27) и А.И.(36), двајцата од тетовска Голема Речица, кои се превезувале со патничко моторно возило „бмв“, со странски регистарски ознаки, што го управувал 27-годишниот тетовец Х.С., бидејќи се однесувале агресивно кон нив, додека извршувале службени дејства. Двајцата приведени и задржани се во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци по член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираат од СВР Тетово.