Полицајци од Тетово денес околу 18 часот приведоа 26 годишник од градот откако кај него е најдена дрога и други предмети. Тој бил приведен откако полицијата добила судска наредба за претрес.
-Полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., затоа што при претрес извршен со судска наредба попладнево во неговиот дом и помошни простории во Тетово, пронајдена му се три ќесиња со марихуана, дигитална вага и 43 зипер кесички. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од таму посочија дека по целосно расчистување на случајот на осомничениот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.