• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Прием во Општина Тетово за Македон Димитровски второоделенец кој доби златен медал на натпреварот „Математика без граници“

14/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во својот кабинет го пречека Македон Димитровски, второодделенец од градот кој доби златен медал на светскиот натпревар „Математика без граници“.  Од општината и градоначалникот, Македон како подарок доби глобус и таблет, а Касами истакна дека му нуди целосна поддршка и помош да продолжи со успесите на математичките натпревари.

-Денеска имав исклучително интересна средба со малиот Македон од Тетово, кој на само седум години владее неколку јазици, одлично ја познава математиката, историјата, географијата, астрономијата. Дел од своето знаење кратко ни го претстави, а најголем впечаток му остави покажувајќи ни ги сите светски држави, чии знамиња знае и да ги нацрта. Затоа му подарив еден од глобусите кои ги има нашата општина, на што многу се израдува и заблагодари. Тетово се гордее што има вакви натпросечно интелигентни дечиња, кои ги очекува светла и успешна иднина. Треба безрезервно да ги поддржиме и да им овозможиме услови успешно да се развиваат, порача Биљал Касами по средбата со Македон.

Седумгодишниот Македон од Тетово има 134 коефициент на интелигенција. Заврши второ одделение во ОУ „Лирија“ во Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Со владино решение ќе се распушти Советот на Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.