• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Притвор од 30 дена и три кривични пријави за жител на тетовски Пирок кого го бркаше полицијата

03/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Судија во претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 денови, а полицијата поднесе три кривични пријави за 33 годишниот М.А од Пирок кој ноќеска беше приведен поради повредување на полицаец, оштетување на полициски возила и наплатна рампа на патарина. Триесет и тригодишникот беше уапсен ноќеска околу полноќ во тетовско Сиричино.

-Попладнево судија во претхдна постапка му одреди притвор во времетраење од 30 денови. За осомничениот се поднесени кривичини пријави според член 292 од Кривичниот законик за тешки дела против општа сигурност, а во врска со член 288 предизвикување општа опасност, како и според член 206-непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. М.А (33) потоа е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вчера за време на полицискиот час тој со возило не застанал на полициска контрола во Топлица и Врапчиште. Притоа удрил и повредил полицаец. Продолжил да бега по автопатот Гостивар-Тетово каде  оштетил една наплатната рампа.  На локалниот пат за Сиричино удрил и оштетил и две службени возила на МВР.  Таму во знак на предупредување да застане, полициските службеници испукале неколку проектили, по што е лишен од слобода.

А.С

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Советот на општина Тетово во текот на март не одржа седница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.