Вчеравечер (28 ноември) во 21 часот и 50 минути, М.Д.(40) од Тетово и 35-годишната С.Т. од тетовски Челопек, вработени во спортска обложувалница на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово во СВР Тетово пријавиле дека околу 20 часот и 10 минути во обложувалница едно лице со закана кон нив одзело пари од дневниот промет. Извршен е увид и се расчистува и документира случајот.
Вчеравечер (28 ноември) околу 19 часот и 30 минути во СВР Тетово М.Р.(34) од тетовско Камењане пријавил дека околу 18 часот во неговата продавница на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово затекнал малолетно женско лице кое одземало производи. Полициски службеници на СВР Тетово веднаш презеле адекватни мерки, извршен е увид и се расчистува и документира случајот,информира денес СВР Тетово.