• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 8 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пријавени над 130 случаи на оштетени поради поплавите и пожарот во Тетово

03/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Кризниот штаб на Општина Тетово денеска го одржа третиот состанок со цел да се донесат заклучоци и решенија за справување со последиците по поплавите и пожарот во градот. Градоначалникот Биљал Касами информираше дека има над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите.

-Од тие 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има  владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите, изјави Биљал Касами.

Исто така општината ќе почне со интензивна дезинфекција и чистење на укиците.

-Што се однесува на чистење и дезинфекција, информираме дека во рамки на Општина со свои капацитети е направено тоа.Чекавме но немаме одговор од Владата во кој дел тие ќе се вклучат. ЈКП и пожарната поинтензивно ќе го продолжат тој процес на чистење и дезинфекција. Ќе се справи Општина Тетово со сите последици од поплавите, рече Касами.

Тој информираше дека по наредба на јавен обвинител е направен увид на местото од пожарот и се чека информација за причини за опожарување на фабриката.

-Фабриката е под надзор, материјалите не можат да се тргнат од таму се додека не се дознаат причините за пожарот. Владата е навремено информирана но нема одговор во кој дел Владата ќе излезе во пресрет. Ние очекуваме дека ќе помогне, и со заеднички сили да се справиме со ситуацијата, изјави Касами.

На состанокот ТППЕ Тетово известиле дека состојбата е стабилна, но во интервенцијата на пожарот претрпеле сериозна материјална штета, а голем дел од вработените се соочиле со здравствени проблеми.

-Од Центарот за јавно здравје Тетово, најавија детални анализи на крвта на сите пожарникари за да се утврди нивната здравствена состојба. Од општинскиот инспекторат известија дека заедно со државниот инспекторат за животна средина излегле на терен и ги направиле потребните проверки поврзани со животната средина, потенцираа од Кризниот штаб.

Од Секторот за комунални дејности известуваат дека поплавите предизвикале значителни проблеми во патната инфраструктура, но започнале интервенции за санирање на истите, како што се улица „146“ и патот од Шипковица до Бродец.

ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Биљал Касами за најавите дека ДУИ ќе слават 20 години во Тетово - Со долгот што ни го оставија најмалку имаат образ да дојдат во Тетово за прослава

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.