СВР Тетово информира дека 38 годишник од тетовско Слатино вчера (5 јули) во 20 часот во СВР Тетово пријавил дека час и половина пред тоа, 61-годишнник во тетовска Палатица, по куса вербална расправија со него, физички го нападнал и со дрвен предмет му го оштетил неговото возило.
Малолетник од тетовска Палатица вчеравечер (5 јули) во 23 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 20 часот, во близина на мостот во тетовско Желино, физички бил нападнат од едно лице. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (5 јули) во 19 часот и 50 минути, Н.С.(53) од тетовско Камењане во СВР Тетово пријавил дека околу 19 часот и 10 минути на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Илинденска“ во Тетово, каде бил паркиран со неговото такси возило, физички бил нападнат од едно лице, исто така, таксист, а поради недоразбирања за паркинг место. Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот.