• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

При пожар во стан во зграда маж тешко повреден, 10 лица затруени од чадот

Тешко повредениот поради видот на повредите е пренесен во клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

14/12/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Еден маж тешко повреден со изгореници од четврти степен и 10 лица кои вдишале чад се последиците од пожарот што се случи денеска околу 11 часот во еден стан во зграда на улицата Димо Гавровски Кара во Тетово. Тешко повредениот поради видот на повредите е пренесен во клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

-Од Брза помош ни донесоа 11 лица. Во одделот хирурки болести е доставен пациент со тешка општа состојба со изгореници од 4-те степен по што веднаш е префрлен со возило од Клиничка болница Тетово со реаниматолог и техничар до ургентен центар на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Во интерно одделение се примени шест жени и четворица мажи со инхалаторно труење од чадот, во лесна состојба. После симптоматска терапија и опсервација пуштени на домашно лекување, изјави д-р Бобан Вучески дежурен лекар во интерниот оддел при Клиничка болница Тетово.

Според сведочењата на станарите пред пожарот се слушнала силна екплозија за која сметаат дека е од плинска боца.

-Мажот излезе да види што се случи, како лифтото да падна, удри еден чад, црнила. Побегнавно назад.  Викаше човекот од станот, ние не го познаваме, целиот изгорен, Се чудевме што бидна, страшна работа. Видовме дека е плинска боца, ја испуштија. Алал да им е на пожарникарите, како реагираа, рече жена на 60-тина години.

Од тетовската пожарникарска единица информираат дека интервенирале со 10 пожарникари и 3 возила.

А.С

Тагови: 11 повреденидимо гавровски караеден потешкозградапожарпожарнаТетово

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Едукативна сесија од офтамолог за дијабетот и влијанието врз очите за тетовските пензионери

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.