• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Проблеми со греењето во тетовските училишта, од општината велат дека се менаџира состојбата

10/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ученици и родители од Тетово алармираат дека во училиштата има проблеми со греењето, што го потврдуваат и од општинската администрација со објаснување дека е поради актуелната глобална проблематика со енергенските ресурси.  До нашата редакција стигнаа поплаки на ученици и родителите од неколку основни и средни училишта.

-Во нашето основно училиште има скратени часови, за да сите порано одат дома и на тој начин помалку да се троши за греење. Во средното училиште  имаме рестрикации во парното греење, кое се исклучува на одредени периоди, велат учениците и родителите во нивните дојави.

Назми Даути, раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово вели дека не може да се каже дека нема греење, туку проблеми поради состојбата на глобална ниво кои тековно се надминуваат.  Според него, пари за греење има како секоја година од државниот буџет но поради зголемување на цените количините се помали.

-Од кога се добиени блок дотации од МОН односно од Министерство за финансии во Општина Тетово се распределени на четири квартали, при што во последниот се добиваат најмногу средства.  Кога го направивме финансискиот план и кога ги распределивме тие блок дотации – конта, предвидовме покачување на електрична енергија за осум отсто и исто така покачување на нафта за девет отсто но гледаме дека ситуацијата драстично е сменета. Имаме големо зголемување на цените на дериватите и сега се пријавуваат проблеми поради што не стигаат тие средства за да можеме да се покриеме. Криза има во цел свет за нафта, компаниите што соработуваат со училиштата и ги снабдуваат не можат да добијат нафта од рафинерија и не можат да ги опслужат училиштата, изјави Назми Даути.

Според него во некои училишта има рестрикции во греењето, но и поради наметнатите протоколи за спречување на ширење на Ковид-19.

-Дојдовме до ситуација да направиме од време на време рестрикции земајќи ги во предвид протоколите што треба да ги почитуваат училиштата, на секои два часа да се отворат прозорци и да се проветрува и тогаш се исклучува парното греење и пак се вклучува. Во постојана комуникација сме и се трудиме да ја менаџираме ситуација, не зависи само од Општина ова е глобален проблем, изјави Даути.

Според него училиштата соработуваат и за овој проблем, па и во форма на позајмување се работи на надминување на тековните проблеми со енергетските ресурси за загревање на просториите.

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

На 73 годишна возраст почина Магдалена Наумовска,  долгогодишна новинарка, уредничка и директорка во Радио Тетово и весникот Полог

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.