• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Прогласени најдобрите учесници на конкурсот за најдобри песни на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“

06/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово по повод месецот на книгата го реализираше конкурсот за најдобра необјавена песна за категориите за деца и возрасни. Вечерва петчленото жири ги соопшти имињата на оние кои добија прва, втора и трета награда како и пофалници.

-Во категоријата деца, првата награда ја доби Естира Кужава од Тетово за песната насловена „Македонија“. Две втори награди добија Божана Тренческа од Прилеп за песната „Игра на сонцето“ и Исмаил Шасивари од ОУ „Прпарими“-Голема Речица, Тетово, за песната „Снешко“. Доделени се 4 награди за трето место и седум учесници се пофалени, истакна Мирко Видоески од клубот.

Во категоријата за возрасни првата награда ја доби Живко Карески Горноселец од Прилеп за песната „Нединото житие“ Втора награда добија Николина Тануркова (за песната „Слика“) од Тетово и Оливера Доневска (за песната „Мајчина песна“) од Скопје.

Кај возрасните поделени беа три награди, а пофалници добија четворица учесници. Наградените добија книги и дипломи, а пофалените благодарници.

А.С

Тагови: конкурслитературен клубпесни

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Трибина „Нема оправдување за насилството врз жените и девојчињата“ на Форум на жени на СДСМ Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.