• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Прогласувањето на Шара за национален парк ќе ја покаже зрелоста кон европските вредности

Процесот на прогласувањето на Шар Планина за национален парк финишира заедно со процесот на почнување на преговори за членство во Европската унија. Зачувувањето на животната средина ќе покаже колку сме созреани во насока на европските вредности во оваа област, посочија денес учесниците на настанот „Шар Планина како европска еколошка вредност“ во организација на Секретаријатот за европски прашања и општина Тетово.

21/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Процесот на прогласувањето на Шар Планина за национален парк финишира заедно со процесот на почнување на преговори за членство во Европската унија. Зачувувањето на животната средина ќе покаже колку сме созреани во насока на европските вредности во оваа област, посочија денес учесниците на настанот „Шар Планина како европска еколошка вредност“ во организација на Секретаријатот за европски прашања и општина Тетово.

-ЕУ не е само политичка унија на држави тоа е систем на идеи и вредности, регулативи и директиви, а животна средина едно од важните прашања на тие вредности кои ни мора да ги почитуваме не поради ЕУ туку поради нас самите. Заедно со општината и  со амбсадаорите ја промовираме потребата од прогласување на Шара за национален парк. Работите привршуваат и во наредните месеци очекуваме тоа да се реализира и драго мие што таа динамика коинцидира со процесот на започнување на преговори со што даваме две пораки дека политички созреавеме да станеме дел од Унијата и дел од практичните прашања како што е животната средина ние спремни да живееме европски. РС Македонија има 9 проценти заштитена во смисла на биодиверизитет, со прогласување на Шар Планина се зголемило на 12 проценти и се доближуваме на европските стандарди за заштитено подрачје, изјави вицепремиерот Бујар Османи.

-Во овој период на лобирање со овој настан ги покажуваме јасно ориентациите во однос на ЕУ вредностите. Многу проекти од областа на животната средина поддржани преку ИПА и други програми кои се реализирата со европски пари. Стратешки е важно да се прогласи Шара за национален парк и да се зачуваат природните богатсва и да се развие еко туризам кој ќе биде додадена вредност, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Колку прогласувањето ќе помогне во зачување на природната разноликост со оглед дека  дека непочитувањето на законите придонесе Шара да биде во лоша состојба, Османи со одговор дека со процесот се става печат на потребата од заштита на планинскиот масив.

-Ќе биде дополнителна заштита и приоднес за биодиверизитетот и за амбиентот тука и затоа сите овие напори. Искуството од другите паркови национални покажуваат дека има разлика од таква одлука тоа е што најважно е процесот на прогласување дека привршува и дека идната година да го завршиме тој процес, рече Османи.

Стручните лица од животната средина ја потенцираат потребата од итно прогласување на Шар Планина за национален парк.

-Од 1994 има иницијативи за прогласување на Шара но никогаш не вродија со плод. Сега сметам дека климата е подобрена и се ближиме до крајот. Ќе ги заштитиме сите природни ресурси и богатсвата кои ги има, изјави професорот Славчо Христовски од Македонско еколошко друштво.

Во рамки на настанот учесниците пешачеа од месноста Сидол кај Попова Шапка до  Шипковички бачила близу шарпланинското село Шипковица каде беше подготвен – пикник со традиционални јадења.

 

Тагови: национален паркШар Планина

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

Пожарната во Тетово доби два камиони за гаснење пожари како донација од Данска

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
12 ° c
74%
8.21mh
100%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!