• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

Програмата 2021-2025 на Билал Касами со мотото „Со срце за Тетово“

21/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На средби со граѓаните кандидатот за градоначалник на Тетово Билал Касами, претседател на Движењето Беса ја претставува својата програма за работа 2021-2025 со мотото „Со срце за Тетово“.

-Приоритет на Движењето БЕСА ќе биде создавање функционална општина управувана според моделите на ЕУ со транспарентност и отчетност, каде што граѓанинот има право на заедничко коуправување, има право да биде информиран како и да бара отчетност за „својот дом“. Движењето БЕСА на овие локални избори ќе понуди нов модел на развој на урбаните и руралните општини базирајќи се на човечките, природните, финансиските, институционалните ресурси и достапните европски фондови.   На овие локални избори, мисија на Движењето БЕСА ќе биде граѓанинот да ја чувствува општината како „свој дом“. Локалната власт во секое време ќе ги штити граѓаните со тоа што ќе им обезбеди безбеднa животна средина, регулирана инфраструктура, еколошка и чиста животна средина, квалитетни јавни услуги, модернизација преку дигитализација, поволна клима за локалните бизнисмени и инвеститори, печалбарите и странските инвеститори, се вели во основниот концепт претставен во програмата.

Ова е време на промени на кои никој не може да им се спротивстави, вели Касами во обраќањето до граѓаните во програмата.

-Како иден градоначалник на општина Тетово, имам јасна визија и стратегија, како да го  трансформирам Тетово во европска и модерна средина, секогаш зачувувајќи ја традицијата, културата и историското минато, бидејќи тие се неразделна вредност на нашата Општина. Мојата визија е да ја направиме општина Тетово заеднички дом за сите нас, обезбедувајќи квалитетни услуги, безбедна животна средина, здрава образовна концепција за секој жител на Тетово, потенцира Билал Касами.

Тој вели дека да ја води општина Тетово за него  е чест и привилегија, должност и обврска да им служи граѓание за попросперитетна иднина.

Можеби изгледа тешко, но се може да се постигне, особено кога имате човечки и природни ресурси, кога имате желба и добра волја, способни соработници и прекрасни сограѓани како што сте вие драги граѓани.Во мојата визија, Тетово е модерна општина со обучен кадар што дава приоритет на трајна отчетност за трошење на јавните средства, вработени фокусирани на економскиот развој на општината и во служба на бизнисот и граѓаните, вели Билал Касами.

 

 

Поврзани објави

Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Вести

Миле Лефков: Oвие луѓе покажаа дека знаат како да се работи во интерес на Тетово, гласајте за ВМРО ДПМНЕ

17/08/2022
Следна објава

Билал Касами: Теута Арифи ја тера администрацијата да прават списоци со граѓани кои ќе гласаат

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.