Пробивањето на булеварот „Благоја Тоска“ продолжи или почна од другата крајна страна кај текстилното училиште за разлика од претходната власт која почна да работи кај болницата. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами кој денеска дојде да се информира на терен како одат градежните работи рече дека тука се работи на пробивање, а на другата страна ќе има рушење на објекти.
-Почнавме од тука затоа што на страната каде се почнати работите има потреба од градежни работи за рушење на некои од објектите, веќе сме во завршна фаза со избирање на компанија која ќе ги заврши тие работи на потребните на општината. Во интерес на времето ние договоривме со компанијата која ги реализира работите да продолжиме од оваа страна каде теренот беше почист и можевме веднаш да продолжиме. Сакаме до есента овие работи да бидат завршени, изјави Касами.
На новинарските прашања како ќе оди тој процес со оглед дека се уште има куќи во кои живеат луѓе, Касами со одговор дека експропријацијата ќе се спроведува согласно судски одлуки.
-Сите жители на кои им е одземено земјиштето и сопственоста е договорена експропријација е во фаза на реализација, има само едно семејство кое е нне го прифатило проценката за земјиштето и за објектот. За тоа има правосилно судско решение, за надоместокот сепак тоа се процедури преку суд. Ако не го прифати тоа што е определено со судска одлука тогаш дополнителни се процедурите судски со кои ќе треба да се отвори депозитна сметка на која општината ќе ги депонира тие средства и има време од 10 години да ги прифати. Ако не го прифати, се враќаат на општинска каса, изјави Касами.
Пробивањето на овој булевар треба да придонесе да стане една од главните сообраќајни артерии во градот и да овозможи подобар проток на возилата.
ас