• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Промовирана монографијата „Драга учителке“ за Анче Бојаџиева-Герасимовска од авторката Соња Андонов

22/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пред тетовската јавност вчера беше одржана промоција на книгата „Драга учителке- за животот и педагошката дејност на Анче Бојаџиева – Герасимовска“ од авторката Соња Андонов дипломиран музиколог и музичар-теоретичар, професор во Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ во Тетово.

Книгата претставува монографијата за Анче Бојаџиева Герасимовска, професор по пијано во пензија и долгогодишен педагог во Државното музичко училиште, родена во Тетово во 1935 година.

-Систематизирајќи ги своите музиколошки истражувања во книгата, Соња Андонов, прави серизони напори пред македонската културана јавност целосно да го претстави животниот и професионалниот живот на професорката Анче Бојаџиева-Герасимовска.  Со овој музиколошки труд авторката го претставува и десјтвување на семеството Бојаџиеви чии поедини личности учествувале во развојот на музичкиот живот во Тетово и Републикава, истакна д-р Мирјана Павлоска-Шулајковска, рецензент на книгата.

Музичарот и филсмки режисер Глигор Кондовски во својата рецензија за книгата вели дека се зачувува споменот за пијанистичката школа во Тетово.

-Ние како читатели преку студиозните погледи на авторката го доживуваме некогашниот музички свет во градот Тетово, вели Кондовски.

 

-Анче Герасимовска е врвен музички педагог која со своите знаење, искуство, со своето мајчинско однесување со лесностија го пренесува на младите генерации. Несекојдневната трпеливост со децата, изнаоѓањето соодветна вежба за помалку талентираните, се карактеристики кои сведочат за трпеливоста, посветеноста, несебичноста и знаењето на професорката Анче Герасимовска, истакна во рецензијата новинарката Санда Србиновска.

Авторката на монографијата Соња Андонов истакна дека станала пијанист, но ја избрала музиката за животна професија благодарение на својата учителка Анче.

-Нејзини ученици  денес работат како професори во основни и средни музички училишта,  како и на факултети за музичка уметност.  Покрај  знаење, таа им ја разви првичната задача која секој музички педагог ја има, а  тоа е развивање љубов кон музиката, вели авторот Соња Андонов.

Покрај таткото на Анче,  Глигор, во монографијата се претставени и двата лика од нејзиното потесно семејство кои давле свој придонес во музичкиот живот на Македонија – братот Драган Бојаџиев, долгогодишен музички уредник во радио Скопје и неговата сопруга Соња Бојаџиева, професор и поранешен директор во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.   

А.С

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Жителите на Лешок собраа средства за дополнителни количини вода во системот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.