• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Промовиран проектот „Кале, срцето на Тетово“

26/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Кале, срцето на Тетово“ е иницијатива чија цел е дел од тетовското Кале да се претвори во современ културен центар каков на градот одамна му недостасува. Иницијативата предвидува два поголеми објекти, кои се дел од некогашната тврдина, да се адаптираат и во нив да се отвори музеј и помала концертна и мултимедијална сала. Иницијаторите на проектот велат дека досега тетовци извонредно ја прифатиле иницијативата бидејќи се очекува на овој начин да заживее оваа историска знаменитост на градот кој сега стои целосно запуштена.

-Тетовското Кале заслужува да го зачува препознатливиот лик и да добие еден културен центар а со тоа и да се збогати туристичката понуда на Тетово. За разлика од веќе постоечките културно историски објекти во градот, како Шарената џамија, Арабати Баба Теќе и музејот на тетвскиот крај, нам ни треба нешто ново кое ќе биде препознатливо и за младите и за постарите генерации. Идејата на овој проект е едниот, од двата зачувани објекти, да се  адаптира во музејски простор во кој би биле изложени археолошки артефакти од овој регион, а вториот објект да се претвори во мал мултимедијален центар со концертна сала и кино сала. Калето отсекогаш било место е место кое ги обединувло сите тетовци а такво ќе продолжи да биде и со реализацијата на оваа неша замисла. изјави Дино Блажески, инплементатор на проектот „Кале, срцето на Тетово“.

Зачуваните објекти и ѕидовите на Калето ставени се под заштита на Државата. Пред десетина години на калето се вршеа архолошки истражувања а едниот објект, просторијата во која некогаш престојувала и се хранела војската, беше реновиран. Но, тука се застана и од тогаш ништо не е превземено за заживување на овој значаен историски објект.

-Со оглед на тоа дека и двата објекти сега се под заштита на државата како културно наследство, ќе мора најблиску да соработуваме со надлежните институции околу адаптирањето на просторот за да не се наруши нивниот автентичен изглед. Досега направивме три суштински анализи, тоа се правната финансиските и компаративна анализа. За овој проект можат да се обезбедат средства и од меѓународни фондови , но се надеваме дека и Државата, односно надлежните министерства, ќе го препознаат значењето на ова иницијатива и ќе пројават интерес да учествуваат во изградба на културниот центар на тетовското Кале. Иако ова за сега е само идеја, мислиме дека има големи изгледи таа и да се реализира во наредниот преиод“, вели Блажески.

Тетовското кале како објект се споменува уште во античко време, а кон крајот на 18 и почетокот на 19 век турскиот паша Реџеп и неговиот син Абдураман на врвот Балтепе градат голема тврдина, со дебели камени ѕидови. Со паѓањето на Реџеп паша и Абдураман паша почнува да пропаѓа и тврдината. Поголемиот дел од градбите се срушени и затрупани со земја, а од некогаш моќните бедени зачувани се делови. Од големиот број објекти кои постоеле, до денес се зачувани два од кои едниот пред десетина години беше реновиран.

Проектот „Кале, срцето на Тетово“ се спроведува во рамките на Иновативните иницијативи, програма финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, која ја спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи и нејзиниот партнер Националниот младински совет на Македонија.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Се работи на изградба на фекална канализациона мрежа во Теарце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!